Seminarski i Diplomski Rad

Devijantne pojave kaj ucenice (makedonski)
Vrsta: Diplomski | Broj strana: 25 | Nivo: Pedagoški fakultet, Skopje

Вовед:
Има три групи на причини за девијатно однесување и тоа:
Аморални и асоцијални појави;
Социопатолошки појави; и
Малолетничка деликвенција и малолетнички деликти.
Аморалното и асоцијалното однесување кај децата и младите не е доволно истражено, особено од аспект на неговото значење како индикатор за предвидување на потешки облици на девијантно однесување во подоцнежните фази од животот и од аспект на потребата за превенирање на девијантното однесување во најрана фаза, преку координирани мерки во рамките на училиштето, семејството и локалната средина и другите воспитни фактори.
За голем дел од асоцијалните појави кај младите нема воспоставено единствена евиденција врз чија основа можеме поаргументирано и низ квантитативни показатели да зборуваме за нив, но има извесен број на истражувања кои иако парцијални, претставуваат солидна потпора за квалитетно осознавање и вреднување на асоцијалните и аморалните појави кај младите.
Иако овие форми на отстапување се „благи„ и во моментот не предизвикуваат сериозни последици, тие се значајни како индикатори за потенцијалната деликвентност на малолетникот и во извесна мера се предвесници на потешки облици на девијантно однесување во подоцнежните фази од младоста и животот, односно навестуваат зачеток на девијантната кариера на личноста. Токму затоа, кон децата и малолетниците (кои инаку се најчести носители на ваквите појави) треба да се покаже зголемена грижа низ координирани мерки во семејството, училиштето и други учесници во воспитниот процес, како услов, младата личност да се врати во нормалните патишта на животот.
Во втората група социопатолошки појави спаѓаат појави кои општо се дефинираат како негативни појави со кои не се кршат законските норми - не се деликти, но се производ на противречностите и тешкотиите во општеството и се штетни како за младите, носители на тие појави така и за општеството во целина. Во оваа група спаѓаат: алкохолизмот, наркоманијата, проституцијата, самоубиствата, просјачењето, скитничењето, коцкањето и слично.
Во третата група малолетничка деликвенција или малолетнички деликти спаѓаат кривичните дела и прекршоците - однесувања на малолетници спротивни на пропишаните законски норми за кои е предвидена санкција. Во структурата на малолетничките деликти, убедливо најзастапени се имотните деликти (кражби, грабежи), деликти - најчесто прекршоци во областа на сообраќајот, против животот и телото, нарушување на јавниот ред и мир, повреда на достоинството, моралот и личноста и други.
Бегање од домот
Бегањето од домот (семејството) е доста застапена појава. Покрај податоците од Центрите за социјални работи, кои ги евидентираат екстремните облици на оваа појава, постојат голем број на бегства од дома, кои се уште не стигнале до третирање и евидентирање во тие центри. Во услови на транзиција, кога бранот на економските и социјалните промени силно го зафати семејството, кога во потрага по егзистенција или профит, се нарушија основните функции во многу семејства, оваа појава се манифестира како еден вид како оттуѓување на младите и други форми кои водат кон класично бегање од домот и семејството.
Најчести причини за бегање на децата - учениците од домот и семејството се:
неповолниот економски статус на семејството;

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!